Манчестер Сити оваа сезона може условно кажано да ја спаси само ако ја освои Лигата на шампионите.

Без шанси за трофејот во Премиер лигата, со најавена казна од две години без право на настап во натпреварувањата на УЕФА, оваа генерација на играчи предводени од Агуеро немаат многу право на грешки против Реал Мадрид.

Гвардиола невообичаено за него беше видно резервиран на официјалната прес конференција и покрај тоа што неговиот тим е фаворит во двомечот со екипата од Мадрид.

„Мора да бидеме силни, имаме квалитет но потребна ни е и среќа. Мора да бидеме неверојатно сконцентрирани на нашата игра и план и секако да не посака среќата.“ – изјави Гвардиола.