Лионел Меси е во фокусот на вниманието, Аргентинецот има договор со Барселона до 30 јуни, потоа е слободен играч, годинава се дигна голема „бура“ дали ќе остане во Барса или ќе има нов клуб.

Пеп Гвардиола кој лично е многу близок со Меси, изјави дека за Аргентинецот има само еден клуб каде може да ја заврши кариерата.

„Се надевам дека Меси кариерата ќе ја заврши во Барселона, нема подобар клуб за него во светот“ – изјави Гвардиола.