Пеп Гвардиола по пауза од 28 натпревари во сите конкуренции, се потсети како е да загубиш натпревар.

Јунајтед го совлада Сити на „Еитихад“ и покрај доминацијата на „Граѓаните“ пред голот на Хендерсон.

„Ова беше неверојатен натпревар. Јунајтед имаше неверојатен висок пресинг и беа многу брзи во контра нападите. Ние игравме добро но не бевме прецизни во нападот, па им честитаме на победата. Не е вест дека изгубивме, туку дека загубивме по 21 победа во низа. Се уште има 30 поени во игра во Премиер лигата, и сакаме да почнеме пак да победуваме. Одигравме многу подобро отколку против Вест Хем, тогаш победивме, денеска загубивме, тоа е фудбалот.“ – изјави Гвардиола.