Фудбалерите на Манчестер Сити остварија предност против Борусија Дортмунд од 2:1 по првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Натпреварот на „Етихад“ беше многу интересен, а „Граѓаните“ во последната минута стигнаа до победата со голот на Фил Фоден.

Прашањето за конечен победник на дуелот ќе биде решено на реваншот во Дортмунд, но Гвардиола посочува дека е задоволен од многу работи од овој прв натпревар.

“Сакам да им честитам на играчите, пред сè на тоа што изразија единство  и покажаа желба за победа . Ми се допадна како се боревме и се одржувавме на теренот. Победивме, добро се прикажавме , но сега е ред на Лидс а потоа ќе се обидеме да ја освоиме Германија. “ –  вели Гвардиола.

Тој исто така вели дека Борусија не направила многу пред нивниот гол.

“Тие ја имаа таа шанса на Хaланд, по една долга топка, кога Едерсон одбрани брилијантно. Ништо повеќе од тоа. По 1:0, го презедовме ритамот на натпреварот и Фил Фоден имаше шанса. Тој беше наша закана во последниот половина часи ако тој постигнеше гол тогаш, сè ќе беше поинаку. Кога ќе победите на 26 од 27 натпревари,  притисокот е на вашите плеќи. Сите веруваа дека ќе победиме. Покажавме неверојатна посветеност и желба за триумф. Резултатот е 2-1, а во Германија ќе поправиме уште некои работи што сега не можевме. Нема да се браниме , ќе се обидеме да обезбедиме полуфинале во тие 90 минути. “- заклучи Гвардиола.