Тренерот на Манчестер Сити инсистираше дека нема никако проблем со одлуката на Рахим Стерлинг јавно да говори околу можноста тој да се пресели во Мадрид.

Стерлинг во интервју за „Ас“ посочи дека е многу среќен во Сити но секогаш е отворен за нови предизвици во кариерата.

„Тој може да зборува што сака, ние не сме тука за да му кажеме што да изјавува. Сите клубови знаат дека Барселона и Реал Мадрид се најмоќните тимови во историјата. Не знам дали од Мадрид или од Барселона мусе јавиле на агентот на Стерлинг но сигурен сум дека неговата посветеност на теренот и во соблекувалната нема да се смени.“ – изјави Гвардиола.

По објавата на казната според која Сити нема да може да игра во натпреварувањата на УЕФА во следните две сезони и ќе мора да плати 30 милиони евра казна, се појавија многу шпекулации околу иднината на најдобрите играчи на „Етихад“.