Пеп Гвардиола со Сити е на добар пат да ја освои титулата во Премиер лигата, сепак и покрај 20-те врзани победи, за него „граѓаните“ не се најдобриот клуб во моментов.

„Најдобар тим несомнено во светот е Баерн Минхен. Тие успеаја да ги освојат сите трофеи,  Ливерпул е најдобар  во Англија. Мојот клуб  мора да продолжи да биде најдобар што може и да се обидеме да стигнеме до титулата. Играме  добро ,победуваме, па дури и кога не играме на најдоброто ниво како што беше на дуелот против Вест Хем, ги освојуваме планираните бодови“, рече Гвардиола.

Манчестер Сити на дванаесет кола пред крајот на сезоната,  има 12 бода  предност пред Јунајтед.