Пеп Гвардиола одржа прес конференција пред дуелот меѓу Манчестер Сити и ПСЖ во Лигата на шампионите. Натпреварот се игра утре од 21 часот на Паркот на принцовите. Ова ќе биде дуел во кој силите ќе ги одмерат Гвардиола и Лионел Меси, двојка која освои се со Барселона.

„Игравме еден против друг и кога бев во Баерн. Сега тој повеќе не е во Барселона и луѓетоа почнаа тоа да го прифаќаат. Претходно не можевме тоа да го замислиме, но се случи. Важно е дека е среќен во Париз“– изјави Гвардиола, па додаде:

„Меси е играч кој најдобро за себе говори на теренот. Тоа го гледаме веќе 16 години. Не морам да го опишувам, нути да говорам за него. Поради фудбалот се надевам дека утре ќе игра.“

Новинарите го прашаа како планира да ја запре напаѓачката троја на ПСЖ, во која се Меси, Нејмар и Мбапе, а тој барем пред медиумите кажа дека не знае.

„Тоа е многу квалитет за да знам како би ги запрел. Толку се добри, имаат толку талент, не е возможно да се контролираат“- изјави Гвардиола.

Па кажа сепак дека нешто планира.

„Ќе мора добро да се браниме кога ја немаме топката и да ги тераме да трчаат кога ја имаме. Тие се неверојатни играчи, тоа сите го знаат. Индивидувално се феноменални, но и заедно.“