Екипите на Манчестер Сити и ПСЖ вечерва ќе го одиграат реванж дуелот од полуфиналето на Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ имаат предност по првиот дуел од 2-1 со која се стекнаа по победата во Париз и се на чекор до пласман во големото финале , кое веќе неколку години е голема желба на клубот од Англија но никако да ја остварат.

ПСЖ нема да се предаде и секако ќе пружи отпор а за тоа е свесен и тренерот на Сити , Пеп Гвардиола.

„ПСЖ е неверојатен тим, сите го знаат тоа. Можат да бидат непредвидливи и да победат. Ги познавам нивните квалитети и како можат да бидат опасни. Од друга страна, уште подобро знам колку ние можеме да бидеме добри. Во реваншот мораме да го повториме вториот дел од Париз, не е многу сложено. 

Опасноста е иста како на првиот меч. Тие посакуваат финале, тоа е нормално, ама ние никогаш не сме биле таму. Мора да бидеме фокусирани, да се држиме заедно и да ја наметнеме нашата игра. Реванш во полуфинале во ЛШ е секогаш тежок меч, многу се размислува на претходниот резулгат и лесно се заборава на победата“, изјави Пеп.