Манчестер Сити ќе мора да се снаоѓа без Давид Силва кој поради повреда нема да може да им помогне на соиграчите во дуелите со Аталанта во Лигата на шампионите и во дербито од Премиер лигата против Ливерпул.

„Не верувам дека ќе биде подготвен. Не сум зборувал со докторот но кога имаш проблем со мускулот и неможеш да играш тоа е тоа. За оваа повреда се потребни најмалку 10 дена за рехабилитација.“ – изјави Гвардиола.

Манчестер Сити по 11 колa во Премиер лигата е во негатива од шест бода во однос на лидерот на табелата, Ливерпул.

Тимот на Јирген Клоп е без пораз во оваа сезона во која има десет победи и едно реми, она против Манчестер Јунајтед.