Менаџерот на Манчестер Сити пред дуелот со ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите го испофали Нејмар.

„Се сеќавам кога гледав видео исечоци од Нејмар додека беше тинејџер и си мислев ова е крал на Сантош. Да останеше Нејмар во Барселона, ќе освоеја уште два или три трофеи во Лигата на шампионите. Меси, Суарез и тој беа најдобри во офанзивата. Никогаш не сум видел таква напаѓачка тројка“- вели поранешниот тренер на Барселона.

„Сепак Нејмар одлучи да замине во ПСЖ и тоа не е лоша одлука. ПСЖ е добар клуб, а Париз убав град. Јас сум обожавател на Нејмар, тој е играч кој го подобрува фудбалот. Му посакувам што помалку повреди.“

Се осврна и на Килијан Мбапе.

„Млад е и тој е иднината на светскиот фудбал. Уствари, тој е веќе светски првак. Ме импресионира како Халанд, го гледам и си велам себеси: Уау! Колку голови даваат, со каква брзина.“