Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола даде интересна изјава откако Јунајтед загуби од Лестер, па „Граѓаните“ и математички стигнаа до титулата во Премиер лигата.

„Оваа сезона и освоената титула во Премиер лигата е како ниедна до сега, оваа беше најтешка. Секогаш ќе се сеќавам на оваа сезона и на начинот на кој стигнавме до титулата. Многу сум горд што сум тренер на оваа група играчи и во овој клуб. Оваа титула им ја посветуваме на нашите навивачи и ја чувствуваме нивната љубов.“ – изјави Гвардиола.

Манчестер Сити оваа сезона може да стигне и до уште еден голем трофеј, тој во Лигата на шампионите каде во финалето ќе игра против Челси.