Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, смета дека одбранбениот дел од екипата мора да се засили со двајца нови фудбалери.

Според информацијата на The Times, Гвардиола бара од раководството на клубот да се купат двајца централни дефанзивци во летниот преоден рок. Ова значи дека местото на Џон Стоунс во тимот е веќе несигурно и дека тој можеби ќе треба да си побара нов клуб.

Освен тоа, Гвардиола бара да му се обезбрди и квалитетен офанзивен фудбалер, доколку клубот го напушти Лерој Сане.