Пеп Гвардиола во изјава за медиумите во Англија потенцираше дека му е потребен играч во тимот кој со еден потег може да реши натпревар.

Мирор тврди дека тоа е јасна порака до раководството на Сити, донесете го Меси ова лето и работата ќе биде завршена.

„Немаме игра кој може сам да реши натпревар, потребен ни е таков, се надевам дека ќе добиеме играч со такви способности ова лето“ – изјави Гвардиола.

Медиумите во Англија шпекулираат дека Меси може да стане играч на Сити летово, познато е дека ќе биде слободен агент на пазарот, Гвардиола и Аргентинецот се во одлични релации, станува јасно дека „граѓаните“ сериозно ќе тргнат најголемата ѕвезда во летниот преоден рок.