Манчестер Сити ја победи Борусија Менхенгладбах со 2-0 на гости, средбата се одигра во Будимпешта, на стадионот „Пушкаш“ во рамки на  осминафиналето во Лигата на шампионите.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола  има логично објаснување за 19-те победи во низа во сите натпреварувања, но е нервозен кога постојано го прашуваат дека има неограничени финансиски ресурси и затоа победува.

„Имаме многу пари, и купуваме квалитетни играчи, најдобрите, затоа и победуваме“ – објасни Гвардиола.

Инаку Гвардиола во Сити досега потроши 950 милиони евра, во Манчестер е речеси пет години.