Предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека Кевин Де Бруин добро напредува по повредата на рамото и можно е да биде подготвен за неделното дерби со Манчестер Јунајтед.

„Тој е се подобро, разговарав со лекарскиот тим на денешниот утрински тренинг и тие велат дека работата оди на добро. Не е перфектна но ќе видиме.“ – изјави Гвардиола.

Де Бруин се повреди во финалето од Карабао Купот против Астон Вила и првичните прогнози беа дека нема да стигне да се опорави за градското дерби но очигледно работите се промениле.

„Црвените Ѓаволи“ немаат пораз на последните девет натпревари на „Олд Трафрод“ но последне пат славеа над „Граѓаните“ на домашен терен во 2016 година во 1/8 финалето од Карабао Купот.

Дербито на 29 коло од Премиер лигата е закажано за во недела со почеток од 17:30 часот. Сити е фаворит а велгува во пресметката од второто место на табелата, Јунајтед е петопласиран со 15 бода помалку од „Граѓание“.