Мотивација или реално предвидување на Пеп Гвардиола, менаџерот на Сити тврди дека неговиот напаѓач Рахим Стерлинг сезонава ќе постигне 30. и повеќе голови.

Сити вечерва го пречекува Тотенхем во дербито на второто коло, средбата се игра од 18-30 часот, Гвардиола со провокативна изјава пред овој топ натпревар викендов.

„Кога Стерлинг е во шанса секогаш погодува, успеа да стигне до 25. голови во една сезона, може тој и повеќе, може до 30 оваа сезона. Не знам како размислува но знам дека користи најголем дел од шансите, тој  еден од тимот кој игра ефикасно“ – изјави Гвардиола.