Манчестер Сити на домашен терен го пречекува градскиот ривал Манчестер Јунајтер, на меч каде со победа ќе избега дури 17 бода пред своите соседи. Пеп Гвардиола порачува дека не се плаши од противникот, но секако го респектирал.

„Исплашен не е правиот збор за објаснување кога се соочувам со противникот. Имам неверојатно почитување, но свесен сум дека можам да изгубам или да победам. Го знаеме квалитетот што го има Манчестер Јунајтед. Навистина бев импресиониран како неодамна одиграа против Челзи на Стемфорд Бриџ. Покажаа одличен квалитет, ритам, висок пресин, храброст во многу аспекти“- вели Гвардиола.

Свесен е дека нема да му биде нималку лесно на Итихад на средбата која започнува од  17-30.

Знаеме колку е Јунајтед незгоде. Добро го искусивме тоа последниве години. Имам чувство дека секоја година се подобар тим од претходната сезона. Освен тоа, повеќе од една година не изгубиле на гости, а на нашиот стадион бележа добри резултати“- порачува Пеп.