Манчестер Сити го брка првото финале во Лигата на шампионите во историјата на клубот, а Пеп Гвардиола призна дека никогаш не бил помирен.

Пред реваншот со ПСЖ на „Етихад“, неговиот тим има предност од 2:1 од Париз, фаворит е да се пласира во финалето, но сепак  шпанецот е претпазлив.

“Клучот е да ги контролираме нашите емоции, да знаеме што правиме постојано. Не мора да кажувам на никого во клубот, ниту на играчите ниту на готвачот, колку е голем овој натпревар  за нас”, рече Гвардиола и продолжи:

“За многу момци, ова е прв пат да се борат за финалето во Лигата на шампионите. Ние знаеме многу добро за што се бориме. Јас сум мирен, помирен од вообичаеното, иако знам дека реваншот од полуфиналето е често потежок отколку  финалето “, изјави Гвардиола.

 

ПСЖ поведе на првиот натпревар со голот на Маркињос, пресвртот го режираа Кевин де Брујн и Ријад Марез.

“Искрено, и не сакам да бидам арогантен, не размислувам многу за ПСЖ. Тоа е истиот тим од пред седум дена, со ист тренер и ист играчки кадар. Само размислувам како да бидам поопасен и смртоносен “, заврши Гвардиола