Манчестер Сити се соочува со сериозен проблем пред дуелот со ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ вчеравечер загубија до Челси во полуфиналето од ФА Купот и со ова ја загубија шансата за легендарната тројна круна (Премиер лигата, ЛШ и ФА Куп) а Гвардиола посочи дека имаат уште еден голем проблем.

„Кевин се пожали на сериозна болка, ќе има тестирање по што ќе знаеме за што станува збор, но едно е сигурно, не е добро, барем од тоа што во прв момент можевме да го дознаеме.“ – изјави Гвардиола.

Кевин Де Бруин беше заменет во првото полувреме против Челси а оваа сезона заедно со Гундоган е главниот играч во составот на Гвардиола.