Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека Манчестер Јунајтед, Челзи и Тотенхем имаат подобри напаѓачи од неговиот тим.

„Граѓаните“ релативно лесно ја освоија титулата минатата сезона, а единствениот напаѓач беше практично Габриел Жесус.

Гвардиола не можеше да смета на Серхио Агуеро во поголемиот дел од шампионатот, бидејќи Аргентинецот имаше проблеми со повредите.

“Напаѓачот е напаѓач – тие живеат малку надвор од меурот. Заедно со голманите, тие се најблиску до специјализираните играчи во еден тим. Затоа, тие се најтешки за доведување. Имавме привилегија да го имаме Серхио тука толку години, но за жал минатата година имаше многу проблеми со повредите “, рече Гвардиола, додавајќи:

“Преживеавме без него, така да се каже, но имавме дополнителен квалитет со него. Имаме извонредни фудбалери, но немаме точно оружје што го имаат Јунајтед, Челзи или Тотенхем”.

Манчестер Сити ќе го отвори шестото коло во Премиер лигата со дерби против Челзи денес во 13.30 часот.