Манчестер Сити немаше проблеми во денешниот котролен натпревари со Јокохама кој го доби со 3:1. По победата, Пеп Гвардиола одлучи да ги прокоментира дел од неговите играчи, а Родри доби посебно внимание.

„Родри беше феноменален денеска. Знаеме дека станува збор за играч кој може квалитетно да ја задржи топката и мислам дека тој ќе биде еден од најдобрите во следната декада. Добро е што Бернардо Силва се врати во нормален ритам, Лапорте исто така. Кевин имаше добаер натпревар и секако дека сум задоволен“ – изјави Гвардиола.

Бранителот на титулата во Англија, во оваа сезона има сериозен предизвик, не само во Премиер лигата туку и во Лигата на шампионите.