Манчестер Сити за прв пат во клупската историја ќе игра финале во Лигата на шампионите, тренерот Пеп Гвардиола е пресреќен за остварениот резултат, беа супериорни резултатски во двомечот со ПСЖ.

Гвардиола во изјава за „Скај Спорт“ вели дека сето она што е работено изминатите пет години сега добива на тежина, ова е потврда на макотрпната и трпелива работа на сите во клубот.

„Ова е неверојатно, некои мислат дека е лесно да се дојде до финале во Лигата на шампионите … После сè штоработевме изминатите пет години, сега добивме награда, се исплатеше. Моите играчи играа сконцентрирано и максимално посветено, лесно испаѓа од Лигата на шампионите, тешко се доаѓа до финале“ – изјави Гвардиола.