Вчерашната одлука на ЕУФА, со која Манчестер Сити е одстранет од европските натпреварувања во следните две години, внесе голем немир во клубот.

Меѓу другото, Гвардиола е вознемирен од тоа како ќе реагираат неговите фудбалери, особено тие најдобрите. Тој вели дека би ги разбрал тие што ќе побараат да заминат од клубот, ако Сити и дефинитивно биде казнет.

Според ESPN, тој својата загриженост ја сподели со раководството на клубот, а за самиот себе вели дека ќе остане се додека е среќен, што исто така е неодредено и дискутабилно.