Откако го продолжи договорот со Манчестер Сити, Пеп Гвардиола започнал со детална анализа по однос на можните засилување на екипата во зимскиот преоден рок.

Лионел Меси подолго време се поврзува со трансфер во Сити, но според последните информации од островските медиуми, поради возраста и висината на платата, Гвардиола почнува да ја менува стратегијата.

Ромелу Лукаку, поранешниот напаѓач на Јунајтед, Челси и Евертон а сега играч на Интер е првата трансфер цел на „Граѓаните“.

Манчестер Сити ќе достави понуда до Интер од 105 милиони евра во обидот да го купи репрезентативецот на Белгија кој игра во топ форма во Серија А.