Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги предупреди неговите фудбалери дека ништо не е завршено во однос на битката за пласман во финалето од Лигата на шампионите.

Вечерва на „Етихад“ бранат предност од 2:1 против ПСЖ, и ќе се обидат да дојдат до првото финале во ЛШ во клупската историја.

„Се уште има опасност по првиот меч. ПСЖ може да го промени системот на игра, нивниот менаџер е паметен. Не знам како ќе играат. Нивната желба за пласман во финалето е нормална, ние никогаш не сме биле таму досега. Мора да се фокусираме на нашата игра, да бидеме заедно како и досега и во лошите моменти. Мора да ја подогнеме наша игра што е можно повеќе, да се браниме заедно, да бидеме трпеливи, и да се обидеме да постигнеме голови.“ – изјави Гвардиола.