За првпат од времето на Алекс Фергусон, Манчестер Јунајтед ги доби двата натпревари против Манчестер Сити во Премиер лигата. Последен пат тоа му успеа на Фергусон во сезоната 2009/10.

Ништо од ова немаше да се случи без извонредниот Бруно Фернандеш, кој само што дојде од Спортинг, а веќе е лидер во нападот, со 2 гола и 3 асистенции за 5 средби во Премиер лигата. Гол тој постигна и во Лига Европа. Никој во Јунајтед не стори толку многу за толку краток период.

Покрај двете победи во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед го совлада Сити и во Лига Купот, што е негова трета победа во тековната сезона. Последен пат тоа на Гвардиола му се случи во 2018 година, кога трипати загуби од Клоп и Ливерпул, еднаш во Премиер лигата и двапати во Лигата на шампионите.

Ова е и најлошата сезона на Пеп Гвардиола, кој загуби веќе седум средби во Премиер лигата – толку многу Гвардиола нема загубено никогаш.