Пеп Гвардиола реши да ја прокоментира одлуката на Абрамовиќ да му врачи отказ на Франк Лампард поради лошата низа разултати на клупата на Челси.

„Нема млади и стари менаџери, мора да се победува. Луѓето зборуваат за проекти и идеи, тоа не постои, мора да победувате ако не сакате да бидете избркани. Ја почитувам одлуката на Челси, но испраќам прегратка за Франк, се надевам дека наскоро ќе можам да го видам и кога ќе заврши карантинот ќе можеме да седнеме зедно во ресторан. Нашата работа, на менаџерите зависи од резултатите, а не од начинот на кој играме или во однос на нашата фудбалска филозофија, мора да испорачаме резултати.“ – заврши Гвардиола.

Предводникот на Манчестер Сити на почетокот од оваа сезона во Премиер лигата се поврзуваше со заминување од таборот на „Граѓаните“ но потоа потпиша нов договор.