Манчестер Сити вчера успеа да дојде до важна победа против Астон Вила во Бирмингем со 1:2, а триумфот дојде на португалски погон. Првиот гол го постигна Рубен Диас, додека пак вториот гол го постигна Бернардо Силва.

Посебно убав гол постигна Силва, кој одлично реагираше и на прва шутна откако Габриел Хесус му ја додаде топката.

Токму тоа беше причина да добие пофалби од својот тренер, кој одговори на прашањето дали Бернардо Силва е еден од најдобрите играчи во Премиер лигата.

„Најдобар е. Најдобра беше и пред три години кога го освоивме првенството со 98 бодови. Најдете ги снимките од тогаш, погледнете ги ќе видите дека и денес е истиот играч. Може со топката да направи сè што ќе посака. Тој е фудбалер кој оваа игра ја игра на повисоко ниво“– изјави Гвардиола.