Пеп Гвардиола ги предупреди своите играчи дека не смеат да се опшуштат и покрај големата бодовна разлика, бидејќи во спротивно би можеле да завршат на клупата. Манчестер Сити моментално е водечки во со 14 бода предност во однос на второпласираниот Манчестер Јунајтед.

По 27 одиграни натпревари имаат 65 бода, но и 21 победи во низа во сите натпреварувања. На второто место е Манчестер Јунајтед со 51 бода, а зад нив е Лестер со бод помалку од црвените од Манчестер.

И покрај одличната форма, Шпанецот вели дека има простор за напредок.

„Победуваме и доаѓаме до резултат, но секога може подобро, што е и нашата цел. Почувтсвувам ли дека некој помислил дека е готово, тој нема да игра. Интиуитивен сум. Точно знам кога момците не се спремни да го продолжат она што треба да го прават. Веќе порано кажав дека Ливерпул е првак. А а да успееме да ја оствариме целта, имаме уште осум, девет или дест меча да одработиме. Тоа не е малку“- порача Гвардиола.