Екипата на Манчестер Сити се наоѓа во резултатска криза, а причина за тоа се пред се проблемите во одбраната. Тимот од „Етихад“ не може да смета на својот најдобар дефанзивец Лапорт кој се рахабилира од тешката повреда на коленото. Гвардиола на негово место принудно го уфрлуваше Фернандињо, кој не се снајде најдобра на централната позиција во одбраната.

Поради ова Шпанецот во јануари ќе се обиде да го доведе дефанзивецот на Борнмут Нејтан Аке. 24-годишниот дефанзивец чини околу 40 милиони евра, сума која не е проблем за граѓаните. Проблем за Сити да го оствари овој трансфер е Челси кој од поодамна сака да го види во своите редови Холанѓанецот.

Всушност, Челси го продаде играчот во 2017 година, но со опција да го откупи пред кој било друг тим, што го отежнува овој трансфер за „Граѓаните“.