Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим одиграл перфектно второ полувреме, беше тешко да се сврти резултатот, ништо не е готово, се може да се случи на реваншот.

Гвардиола е среќен што Сити дојде до победа, одиграле две различни полувремиња, во вториот дел, биле перфектни.

„Бевме добри во вториот дел, одигравме агресивно, ако одиграме како во второто полувреме и на реваншот можеме во финале, но знаете, играме против ПСЖ, тие се опасни“ – изјави Пеп Гвардиола.

Реваншот се игра една недела, Сити е на добар пат да обезбеди финале.