Манчестер Сити оваа сезона го игра најдобриот фудбал по пристигнувањето на Пеп Гвардиола на кормилото. По освојувањето на Премиер лигата и Лига Купот, „Граѓаните“ имаат шанса на 29 мај против Челси да дојдат до првиот трофеј во клупската историја за нив од Лигата на шампионите.

Во пресрет на завршните две кола од Премиер лигата, Гвардиола бара од неговите играчи максимална посветеност и остварување на посакуваните резултати.

„По натпреварот со Евертон ќе имаме шест дена за подготовка за финалето и тогаш ќе бидеме подетални. Сега размислуваме за Брајтон. Подготовките за Брајтон се на начин како ова да е финале во ЛШ. Сигурен сум дека ако не се подготвиме добро за дуелите со Брајтон и Евертон, нема да бидеме подготвени ни за финалето во ЛШ.“ – вели Гвардиола.

Шпоанецот тврди дека рано е да размислуваат за тоа како ќе играаат против Челси, дотогаш е важно да се искористи секој ден за подигнување на целокупната форма на тимот.