Пеп Гвардиола посакува Лионел Меси да биде во составот ан ПСЖ вечерва на „Паркот на Принцовите“, само така дуелот се има вистински квалитет, со сите ѕвезди од двете екипи.

Тренерот на Манчестер Сити, сака Сити и ПСЖ да одиграат натпревар со сите ѕвезди, Меси според последните најави би требало да биде во тимот на „светците“.

„Се надевам дека ќе може да игра, тоа е за доброто на натпреварот. Нашиот противник минатата сезона беше извонреден, згора на се, сега го имаат и Меси, тука е Мбапе. Јасно е дека ќе имаме проблем да ги стопираме, можеби ќе мора добро да се браниме“ – изјави Гвардиола.

Меси не настапи на последните два меча за ПСЖ, но според најавите ќе биде во тимот на средбата вечерва кај ПСЖ, дали ќе игра, тоа е неизвесно.