Актуелниот англиски првак Манчестер Сити наскоро ќе ги започне проговорите со Реал Мадрид за трансферот на плејмејкерот Иско. Пеп Гвардиола решил дека замената за Давид Силва мора да биде Иско.

Ова го пренесува шпанска Марка. Иско не е задоволен од статусот во тимот на Зидан а доколку Сити одлучи да плати 80 милипони евра нема да има проблем за да го донесе во своите редови репрезентативецот на Шпанија.

Иско има договор со Реал Мадрид до 2022 година но понудата од најмоќниот во моментов во Англија може да го предомисли за да ја промени средината во овој преоден рок.