Младиот фудбалер на Челзи, Калум Хадсон Одои е подготвен да ја смени репрезентацијата
По долго време, репрезентацијата на Англија се врати на самиот врв на светскиот фудбал, но Герет Саутгејт може да остане без еден од најталентираните играчи на Островот – Калум Хадсон Одои.

Младиот напаѓач на Челзи е незадоволен од својот статус во националниот тим и е подготвен да се откаже од дресот на Англија, со цел во иднина да ги брани боите на Гана, од каде што е неговиот татко.

Веста за неговата одлука ја пренесе „Дејли мејл“, а причината е што Саутгејт им дава шанса на младите играчи, а Хадсон Одои никогаш не беше меѓу нив. Талентираниот напаѓач повеќе нема намера да чека и се очекува наскоро да побара од ФИФА да ја смени репрезентацијата.

За Англија одигра три натпревари, но новите правила на ФИФА му дозволуваат да ја смени репрезентацијата и да се приклучи на Гана.

„Секогаш ги имав вистинските луѓе околу мене кои знаеја да ме советуваат што е правилно. Кога Англија ме покани, реков дека сакам да играм, но во исто време чувствував дека Гана е мојот дом. Ќе видиме. Никогаш не знаете “- рече Хадсон Одои на почетокот на годината.

Засега нема конкретни информации, но се чини дека Англичаните наскоро ќе останат без сериозен фудбалер за во иднина. Да потсетиме, Хадсон Одои е една од желбите на Баерн Минхен, но Челзи веќе неколку години може да им одолее на нападите на Баварците.