Нов сканадал ја разбуди Англија откако офанзивецот на Челси рано утрово бил адржан во притвор. Хадсон Одои бил уапсен околу 4 часот ова утро по пријава од девојка која била во неговиот дом а сега е во болница.

Фудбалерот и моделката се допишувале по што играчот на Челси ја поканил кај него дома и побарал од неа да носи провокативна облека. Откако девојката чиј идентитет засега не е познат повикала полиција, играчот бил уапсен а таа била однесена во болница.

Калум Хадсон Одои со ова го прекршил карантинот кој го практикуваат премиерлигашите во очекување на најавениот рестарт. Одои беше еден од првите фудбалери во Англија кој заболе од коронавирусот.