Креативецот на Милан, Чалханоглу уште еднаш се наврати на неговиот сон да игра за клуб кој се бори за највисок дострел.

Во интервју за „Спорт Билд “ офанзивецот се наврати на времето кога играше во Бундес лигата како и за неговиот однос со Гатузо но и за неговите планови за во иднина.

„Ми се допаѓа Италија но ми недостига Германија и германскиот јазик. Леверкузен беше одличен клуб за мојот развој како фудбалер. Гатузо во Милан исто така многу ми помогна за да се адаптирам на фудбалеро во Серија А. Има уште десет години во кои можам да бидам професионален фудбалер. Би сакал да се пробам во некој од најсилните клубови во лигите во Европа.“ – изјави Чалханоглу.