Фудбалерот на ПСЖ Ашраф Хакими е многу среќен што има шанса да игра со Лионел Меси.

Хакими, како и Меси, ова лето пристигна во Париз. Во разговор за Л’Екип, откри каков однос има со славниот фудбалер.

„Лесно е да се воспостави однос со него. Му подавам топка, трчам и тој ќе прати каде треба. Бев изненаден од неговото однесување, скромен е, тивок.“ – изјави Хакими.

Истакнува дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња позитивно влијае на сите во тимот.

„Не очекував дека ќе ја напушти Барселона. Кога слушнав дека ќе дојде во Париз, тоа беше остварување на сонот за мене. Сум играл со врвни фудбалери во кариерата, но досега не сум уграл со Меси. Кога имате таков играч во тимот, тогаш сите напредуваат, затоа што го следат како работи, како тренира.“ – објаснува Хакими.