Ашраф Хакими  утре треба да пристигне во Милано на медицински прегледи за да го комплетира трансферот на Реал Мадрид во Интер за 40.милиони евра плус бонуси.

Според Sky Sport Italia, конечните детали околу трансферот биле договорени денес помеѓу клубовите и агентот на Хакими.

Мароканецот во дресот на „нероаѕурите“ ќе остане наредните пет години во кои ќе заработува по пет милиони евра по сезона.

Последните две сезони Хакими ги мина на позајмица во Борусија Дортмунд, а оваа сезона игра во животна форма во која постигна девет гола и десет асистенции.