Младиот напаѓач Ерлинг Халанд, кој оваа зима мина од Салцбург во Борусија Дортмунд, објасни зошто не стана фудбалер на Манчестер Јунајтед.

„Оле Гунар Солскер за мене е многу важен човек, кој ми помогна да бидам таму каде што сум сега. Ние разговаравме и заклучивме дека во моментов Борусија за мене е најдобрата варијанта. Апсолутно не е точно дека трансферот во Манчестер Јунајтед пропадна поради моите преголеми барања. Тоа е смешно, јас не сум ненаситен. Сите кои ме познаваат ќе ви кажат дека не сум таков човек“, изјави Халанд за Viasport.

Откако дојде во Бундеслигата тој стана европски хит, бидејќи на првите четири средби во дресот на Борусија постигна неверојатни 8 гола.