Младиот Норвежанец, Ерлинг Халанд, има само 19 години, игра неверојатно, вчера го реши ПСЖ со два гола за победа на Борусија Дортмунд.

Халанд сезонава во Лигата на шампионите запиша 10 голови, има еден повеќе од целата екипа на Барселона !

Норвежанецот блеска сезонава, на 29 натпревари постигна 30 голови на што придодаде и осум асистенции.