Напаѓачот на Борусија Дортумнд, Ерлинг Халанд сезонава често головите ги прославуваше во позиција на медитација. Таков начин на прослава направи и Бразилецот Нејмар, кога неговиот ПСЖ ја елиминираше Борусија Дортумнд во Лигата на шампиони.

„ Не ми смета тоа, мислам дека ми помогнаа во целта медитациајта да ја проширам низ светот и да им покажам на сите колку е добра по духот на луѓето“- изјави Халанд.

Тој исто така спомена дека голема инспирација му е еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо.

„ На лицето на Рононалдо може да видите дека тој е главен на теренот и дека ништо не може да го спречи да дава голови. Тоа најмногу ми се допаѓа кај него, што е посветен и гладен за успех“-дополни Норвежанецот.