Борусија Дортмунд и Баерн Минхен вечерва го играат веројатно одлучувачкиот меч за титулата во Бундеслигата, натпревар кој привлекува внимание посебно внимание поради ново настанатата ситуација.

„Милионерите“ во овој меч влегуваат со четири поени негатива зад вечниот ривал и единствена опција за нив е победа, ако се знае дека до крајот на првенството остануваат уште 7.кола вклучувајќи го и денешниот меч. Домаќините на овој дуел многу веројатно ќе бидат без Санчо кој има ситна повреда, а под знак прашалник е и Витсел. На денешниот меч вон строј за Фавр ќе биде  Ројс.

И двете екипи во продолжението на сезоната влегоја „силовито“ и остварија две победи пред се благодарение на Халанд и Левандовски кои продолжуваат да ги тресат противничките мрежи.