Првиот оперативец на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд повторно е на удар на фановите на Манчестер Јунајтед откако ЕСПН објави зошто Ерлинг Халанд не заврши на „Олд Трафрод“.

Борусија Дортмунд успеа да го ангажира минатиот јануари за 20 милиони евра од Салцбург иако се најавуваше дека Солскјер лично се погрижил Халанд да го засили Јунајтед. Трансферот пропаднал во последне момент поради одлука на Вудворд.

Оперативецот на Јунајтед не бил задоволен од тоа колку пари ќе заработи агентот на Халанд и го стопирал трансферот.

Халанд во меѓувреме во Борусија Дортмунд докажа дека е најдобриот младн напаѓач во светот а Јунајтед неодамна го ангажираше Кавани кој на 33 години не претставува баш засилување на долги стази.