Ерлинг Халанд  веќе некое време се споменува како играч кој наскоро ќе ја напушти Борусија Дортмунд и ќе се обиде да се наметне во посилен европски клуб. Некои од нив се обидоа да го донесат во летните месеци, и наскоро ќе бараат нова можност.

Халанд е поврзан со Дортмунд до крајот на јуни 2024 година, но малкумина веруваат дека тој ќе остане во клубот толку долго откако интересот за него го покажаа посилните клубови од најсилните европски лиги. Тој беше споменат во контекст на преселба во Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Челзи, Ливерпул, Јувентус. Единствено прашање е кој од нив најмногу ќе и понуди на Борусија да го откупи договорот.

Свесни се за тоа и во Дортмунд, па бараат играч кој ќе го замени неговото заминување. Според италијанските медиуми, Федерико Киеза во моментов е најдобар во тој избор.

Се додава дека Јувентус ќе инсистира на рекордно висок трансфер за негова продажба.