Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд нема да се врати на терените пред крајот на декември, тврди неговиот татко Алф Инге.

Норвежанецот има проблем со повреда на колкот и поради тоа не беше присутен на последните четири натпревари на „милионерите“.

Тој се повреди на натпреварот со Ајакс (0:4) во октомври, а навивачите на Дортмунд беа предупредени да очекуваат долга пауза за играчот кој постигна 13 гола на десет натпревари оваа сезона.

„Ерлинг релативно добро се опоравува со оглед на ситуацијата, но тој ќе биде надвор од теренот некое време. Ќе биде вистинската работа ако одигра неколку натпревари пред Божиќ, но тоа е малку веројатно“, изјави неговиот татко за норвешка телевизија. 2.

Тоа практично значи дека Халанд нема да може да и помогне на Борусија во дербито со Баерн кое е закажано за 4 декември.

Во негово отсуство Борусија Дортмунд оствари три победи, против Арминија, Инголштад и Келн, но во средата вечерта на домашен терен беше поразена во Лигата на шампионите од Ајакс со 3:1.