Најдобриот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд нема да може да игра фудбал до крајот на оваа година.

Ова го потврди тренерот на „Милионерите“, Лусиен Фавре по ремито со Лацио.

„Халанд нема да биде во конбинација за настап до почетокот на јануари. Можеби оваа повреда на мускулот е последица на силниот ритам и големиот број на натпревари кои ги одигра досега. Првично мислевме дека повредата не е опасна, но сега е јасно дека ќе мора да паузира најмалку еден месец.“ – изјави Фавре.