Првата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд го известил раководството на „Милионерите“ дека ова лето ќе побара трансфер ако во бундеслигашот не избори пласман во ЛШ за следната сезона.

Ова е дополнителен ултаматум од Халанд кој се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челси, ПСЖ и Јувентус.

Халанд има откупна клаузула од 65 милиони евра која ќе биде активирана следното лето во јуни 2022 година, дотогаш од Борусија Дортмунд се надеваат дека ќе успеат да го убедат да потпишен нов договор.

Ако Халанд реши да го менува клубот, од Борусија Дортмунд очекуваат над 150 милиони евра ова лето, а напаѓачот кој оваа сезона постигна 37 гола во ситен натпреварувања, посакува годишна плата од 30 милиони евра.