Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд инсистира дека нема план за нов трансфер ова лето и покрај интересот од Реал Мадрид.

„Фокусиран сум на играта во Борусија, не ме интересираат шпекулациите кои се поврзани со мене. Мислам само на мојата работа тука, тоа е мојата љубов, спортот и фокусиран сум само на тоа.“ – изјави Халанд.

Халанд има откупна клаузила од 70 милиони евра, сума која не е преголема за екипите кои го бараа и пред неговиот трансвер во Германија.