Шпицот на Борусија Дортмунд Ерлинг Халанд се опорави од повредата на коленото и е подготвен за продолжението од сезоната.

Младиот Норвежанц се повреди на дербито со Баерн Минхен и ги пропушти наредните два меча за „милионерите“ во Бундеслигата.

„ Тренира од средата. Беше одличен, добро му оди“- изјави тренерот Фавр.

Дортумунд во следното коло гостуваат кај Фортуна Диселдорф и во пресрет на последните четири кола од Бундеслига имаат седум бода негатива во однос на лидерот Баерн Минхен.